КОРОНАТА СОСЕМА ГИ ПРОМЕНИ НАВИКИТЕ: Мажите пуштаат брада, жените престануваат да се шминкаат! А, еве на што најмногу се троши!

2 декември, 2020
854827_profimedia0280798628_ls

Секој десетти маж пуштил брада од почетокот на пандемијата

Кризата со корона вирусот и мерките за заклучување ги променија и ритуалите за нега на телото на Македонците.

Едно истражување покажа дека македонците ретко се шминкаат и стилизираат за време на пандемијата поради мерките за заклучување и работата од дома.

Употребата на дезодоранси и парфеми исто така значително опадна.

Секој десетти маж пуштил брада од почетокот на пандемијата.

Месечните трошоци за козметички производи пред корона вирусот во просек беа 31,20 евра, а сега се намалија на 28,90 евра.

Ова, како што истакнува истражувањето, покажува дека луѓето ги трошат своите залихи и внимаваат на буџетот на домаќинствата.

escort - Korsan taksi