Кошмарите стануваат пострашни како што старееме. Еве неколку совети како да ги спречите

15 декември, 2020
nocne-more-shutterstock_1098449483-910x607

Кошмарите го нарушуваат спиењето, предизвикуваат стрес, ја зголемуваат депресијата

Кошмарите воопшто не се забавни. Тие се застрашувачки, нè будат и според новата студија објавена во стручното списание „Sleep Medicine“, кошмарите стануваат се почести како што минуваат годините, а ние старееме.

Последици од кошмарите

Оваа студија, спроведена од тим истражувачи во Кореја, имала за цел да набљудува кошмари особено кај постарата популација. Анкетирани се 2.940 учесници, со просечна возраст од 63 години, а пополнети се прашалници за кошмарите, како и за квалитетот на спиењето, стресот и депресијата. Во примерок од луѓе постари од 50 години, 2,7 проценти изјавиле дека доживеале кошмари. Во групата постара од 70 години, тој процент скокнал на 6,3 проценти, што авторите на студијата го нарекуваат „значително поголем“. И згора на тоа, оние кои доживеале кошмари имале „значително повеќе проблеми со спиењето, поголеми идеи за самоубиство, биле подепресивни и под поголем стрес, во споредба со група која немала кошмари“, се вели во студијата. Дополнителни истражувања исто така посочија дека несоницата станува се позастапена со возраста, нагласувајќи ја важноста на хигиената на спиењето, особено за постарата популација.

3 совети за подобар сон и против кошмари

Не можеме да ги контролираме нашите соништа, ниту да избереме што ќе сонуваме додека спиеме, но научниците велат дека постојат превентивни мерки што може да ги преземете за да поминете помирно и да избегнете кошмари.

1. Магнезиум пред спиење

За да ви помогне да заспиете длабоко, обидете се да конзумирате магнезиум навечер, како таблета или прав, измешан во чаша вода. Една студија покажа дека магнезиумот им помагал на пациентите да управуваат со симптомите на несоница, да заспијат побрзо и да спијат подолго. Дополнителни истражувања исто така покажаа дека овој минерал може да помогне и во ослободување од стресот. Лекарите велат дека дури и луѓето кои можат да заспијат брзо сами, но сепак да се будат во текот на ноќта, треба да пијат магнезиум, непосредно пред спиење, со цел да го поддржат постабилниот сон.

2. Проверете го термостатот

Истражувањата покажуваат дека прегреана спална соба, многу висока температура, може да доведе до силен и кошмарен сон. Експертите велат дека оптималната температура за спиење е 18,5. Ова значи дека спалната соба, пред спиење, треба да биде добро проветрена, да се пушти свеж воздух во неа и да не се загрева премногу, ако е навистина ладно.

3. Избегнувајте јадење пред спиење

И на крај, ако сакате да каснете нешто доцна во ноќта и да се најдете како доживувате кошмари, можеби е време да се откажете од таа лоша навика. Истражувањата покажуваат дека храната што ја јадеме, особено пред спиење, може да влијае на квалитетот на нашиот сон. Особено е интересно што влијае на појавата на некои чудни соништа. Но, настрана фактот дека се појавуваат кошмари, сепак запомнете дека храната пред спиење може да доведе до зголемување на телесната тежина, потешкотии при варењето и безброј други здравствени проблеми.

escort - Korsan taksi