Ловец се борел со огромен питон и сè снимил со камера!

16 јуни, 2020
6a74eb3d-b3cc-4b84-9596-4f644a1dad1d

Ловецот Мајк Кимел до сега уловил стотици змии, но последниот улов е навистина огромен, а тој не се предал без борба.

Мајк во Евергладес, на Флорида, уловил питон долг дури 5 метри, а сето тоа го снимил со камера и го објавил на YouTube.

“Срцето ми тропаше многу силно кога ја видов. И претходно ловев големи змии, но оваа беше огромна” – изјави Мајк за CNN.

Во текот на борбата, тој си заработил и еден угриз, но на крајот успеа да ја совлада и да ја одвлече до својот чамец, каде што ја уби.