Маестралност и уметност од колачи!

11 октомври, 2020
kolaci

Некои луѓе навистина ги надминуваат границите со својот талент. Без разлика дали станува збор за уметност или за некоја друга активност, несомнено е дека зад големиот успех стои многу труд, напор и пожртвуваност.


Младиот слаткар Амури Гишон е вистински пример што волјата, упорноста, работата, редот и дисциплината ќе доведат до целта. И неговите торти, ние гарантираме дека ќе ве остави без зборови. Бидејќи, на прв поглед, сцените на фотографиите лесно можат да ве измамат дека сето тоа се, само не колачи.


Слаткаристичкото патување Амури го започнал на 14-годишна возраст, во Женева, каде што е роден. После тоа, тој се преселил во Франција, каде што студирал готвење. Сепак, тоа не го задоволилонеговиот апетит, па се врати во Женева, каде продолжи да го усовршува својот талент на престижната кулинарска академија. Во следните две години ги освои првите места на разни натпревари за најдобра скулптура од чоколадо.


После тоа, Амури се врати во Париз каде стана главен готвач на компанијата „Хуго и Виктор“ за сите нивни три локации во Париз, а во 2014 година ја започна својата кариера во САД во слаткарницата „ Жан Филипе“ во Лас Вегас, каде остана 3 години.

escort - Korsan taksi