Мајката ја расплака посвоената ќерка на венчавката: Чекала 20 години за да и ја открие вистината!

28 септември, 2020
vencanje3

Како што велат, најсреќен ден во животот на секоја мајка е оној кога ќе го види своето бебе за прв пат. Вториот најсреќен и најгорд ден е кога ќе ја доживее свадбата на своето дете. Кога Брук Зак имала само 18 месеци, Шери, жената што ја посвои, и напиша трогателно писмо што го чуваше повеќе од 20 години. Таа го предаде на денот на нејзината венчавка.


Пред да и се заколне на вечна љубов на својот избраник, Брук чекаше изненадување од нејзината мајка. Подарок за кој не можеше ниту да сонува – најнежната, најемотивна посвета напишана на парче венчаница на нејзината мајка. “Додека ти ги пишувам овие зборови, ти цврсто спиеш во креветчето. Сакаме да знаеш колку љубов и среќа внесе во нашите животи”, напишала Шери. Погледнете како изгледаше овој трогателен момент на видеото.