Механичарите за автомобили споделија фотографии од најчудните работи што ги сретнале на работа

5 октомври, 2020
avto

АКО ги броите и најмалите, просечниот автомобил има околу 30 илјади делови и ако некој од нив не работи правилно, тоа може да ни предизвика многу проблеми со возењето. Во тој случај, влегуваат автомеханичарите.

Но, благодарение на незнаењето или невниманието, автомобилите честопати доаѓаат кај нив во многу лоша состојба, а понекогаш откриваат и нешто неочекувано.

Некој од Редит побарал автомеханичарите да ги покажат најчудните работи што ги начекале на работа и тие одговориле.