Мистичниот Немрут – свето место каде боговите и кралевите се претвараат во камен

11 јули, 20200
61888211

Немрут е планина во југоисточна Турција, одалечена 40 км северно од градот Ката. Планината е висока 2134 м, а позната е по големиот број на археолошки артефакти и остатоци од големи камени скулптури. На врвот на планината се наоѓаат и остатоци од гробницата на Антиох I Комнен од I век п.н.е. Масивните скулптури со претстави на богови, кралеви и други претстави се свртени кон патниците кои се искачуваат до гробницата, која од страна на UNESCO е прогласена за светско нематеријално културно наследство.

Кралот Антиох владеел со династијата Комнен, чие кралство се протегало на територијата на денешната провинција Адијаман. Тој умрел 34 година п.н.е., а бил погребан под големи камени тумули на врвот на планината. Според натписите кои ги оставил, сакал да биде погребан на високо, изолирано и свето место. Тој си изградил пантеон од кој денес останале огромни скулптури кои ги красат терасите на пантеонот.

Овој пантеон е од посебно значење бидејќи има мешање на културни и верни обележја, персиски, зороастристички, грчки. Антиох I сакал преку мешањето и употребата на повеќе верски систем, да создаде култ кој ке верува во повеќе богови од различни култови, преку кој би го осигурал своето владеење и иднината на својата династија. Сепак овој култ не траел долго но сведоштвата за него се останати на врвот на планината кои и денес го привлекуваат окото на луѓето од цел свет.

Огромните камени скулптури се високи и до 9 метри, а се со претстави на самиот Антиох, лавови, орли и разни грчки и персиски божества како на пример Херкул, Зевс, Аполон и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi