Момчето ја изневери, па таа му се одмазди на необичен начин, луѓето ја нападнаа: ПРЕТЕРА!

13 септември, 2020
превара насловна

Жената по име Дестини решила да му се одмазди на поранешното момче на необичен начин, снимила сè и објавила на својот профил на ТикТок. Сепак, ова не им се допадна на корисниците на социјалните мрежи.

Дестини објасни дека нејзиното момче ја изневерило откако му дала втора шанса и дека требало да му ги испрати неговите работи.

„Ова се случува кога ќе изневериш девојка која сака светки“, напиша таа.

На видеото се гледа како Дестини седи во автомобилот, а пред неа е кутија полна со работи од поранешното момче што планирала да ги испрати, вклучувајќи ја и неговата спортска јакна, неколку маици и ѓердан.

Таа ги испрска работите со спреј за коса пред да им истури светки. На другото видео, таа објасни дека додека биле сè уште заедно знаела да му испрати писма и на пликот секогаш имало малку светки. Таа рече дека ова ја инспирирало.

Додека еден дел од коментаторите беа воодушевени и пишуваа дека момчето го заслужува тоа, други ја нападнаа Дестини за овој потфат.

„Не разбирам зошто луѓето прават вакви работи по раскинувањето“, напиша еден коментатор.

„Да ти го изгребаше автомобилот после тоа, тогаш тој ќе беше виновен“, истакна друг коментатор.

“Претера. Ова што го направи е токсично и детско”, заклучи третиот коментатор.