На границата помеѓу морбидното и волшебното: Овој уметник нè „фрлa“ сите во заблуда

23 октомври, 2020
morbidna-mejkap-umetnica

Нејзините надреални трансформации вешто си играат со перцепцијата и никогаш не оставаат никого рамнодушен

Мими Чои е канадска шминкерка со кинеско потекло, која е позната по своите оригинални трансформации на шминка.

Со својот хипер-реалистичен уметнички стил, таа редовно ги остава своите придружници без зборови, а секој нејзин нов изглед е сосема различен од претходниот.

Мими се школуваше во насока на оваа активност и е многу успешна во својата работа. Многу глобално познати брендови, како што се Unicef, MAC и Samsung, ја контактираа за соработка, а минатата година таа го трансформираше актерот Езра Милер, кој го претстави нејзиното дело на црвениот тепих на Met Gale.

https://www.instagram.com/p/Bct6zYAnBW9/?igshid=10d7pnieg87cn

Вели дека инспирацијата ја наоѓа во својата околина, надреализмот, но и при парализа во спиењето, при што доживува живописни и прилично морбидни визии.

Оваа успешна шминкерка често одржува предавања и работилници за шминкање на нејзиниот матичен факултет Бланш Мекдоналд, која е прва на списокот на канадски факултети според квалитетот на образованието од оваа област.