Направи селфи, па се изненади од она што го виде во рефлексијата на очилата: Ме исплаши!!!

25 октомври, 2020
a90646a7-267c-4924-a64a-8ec033d5357f

Сара Медеирос реши да направи селфи додека беше сама дома, но не очекуваше да се види необична глетка во рефлексија на очилата што ги носеше во тоа време.

Своето искуство го сподели на социјалната мрежа Quora, каде призна дека целата ситуација ја исплашила доста.

“Го снимав ова во текот на летото. Нарачав нови очила за сонце и ми требаше мислење како ми стојат. Испратив фотографија на момчето и додека чекав одговор, почнав да ја гледам повнимателно”, започна таа.

“Не ми требаше долго за да забележам нешто во одразот. Имам три деца, на возраст од 18, 14 и две години, но тие тогаш не беа дома, јас бев сама. Во рефлексијата видов две фигури, едно момче лево и едно, кое беше повисоко, десно. Исто така, треба да напоменам дека верувам во духови и сè што е поврзано со нив “, додаде таа.

И додека некои корисници на Интернет признаа дека и тие би се исплашиле на нејзино место, други напишаа дека веројатно постои совршено логично објаснување за овој феномен.

“Не гледам што гледате. Тоа е само одраз на светлина. Понекогаш наједноставните решенија се најдобри”, напиша еден коментатор.

escort - Korsan taksi