НАСЛЕДИЛА КУЌА ОД НЕЈЗИНАТА МАЈКА И НАШЛА КУФЕР ВО ПОДРУМОТ: Кога го отвори, не веруваше во тоа што го виде, повика и ПОЛИЦИЈА!

2 октомври, 2020
КОВ

Неименувана жена од Париз ја наследила куќата од нејзината мајка, која планирала да ја продаде. За среќа, пред продажбата, таа се спуштила во подрумот и пронашла куфер вреден дури 500.000 евра.

„Не сме завршиле со броењето, но има некаде од 500.000 до 600.000 евра во банкноти од 500, 100 и 50 евра“, изјави извор за весникот „Ле Паризиен“.

Жена во педесеттите години наследи куќа од нејзината мајка и ги презеде потребните активности за продажба на имот во 7-от по ред арондисман, недалеку од Марсовите полиња и Ајфеловата кула, пишува весникот.

Ангажирала агенција за недвижнини за да ја процени вредноста, а како дел од подготовките за продажбата, во скалите во подрумот било пронајдено богатство скриено во куфер.

Полицијата била информирана за тоа што открила и започна истрага. Ангажирана е финансиска полиција да специјализира во истрагата за перење пари и фалсификување.