Научници дошле до важно откритие: Колку живеат мажите кои ќе „земат“ интелигентна сопруга

16 декември, 2020
45048-vencanje-696x463

Какви жени замислуваат мажите покрај нив, како нивна сопруга? Дали убавината или интелигенцијата се клучен фактор?

Порталот BrightSide дошол до еден многу интересен заклучок, кој веројатно ќе ги заинтригира и жените и мажите. Имено, новото истражување покажа дека жената со силен интелект и ум всушност може да го продолжи животот на мажот. Покрај тоа, помага во спречување на деменција.

Едно од студиите го испитало здравствениот статус на идентични близнаци и открило дека влијанието на едниот врз другиот има голем удел во развојот на нивните интелектуални способности. Научниците заклучиле дека мажите кои стапуваат во брак со паметна жена живеат подолго и посреќно и многу поретко страдаат од Алцхајмерова болест и деменција.

Општо е познато дека игрите со интелектуално стимулирање го спречуваат развојот на овие болести затоа што ја стимулираат работата на мозокот. Затоа, сосема е логично дека партнерот кој постојано го стимулира вашиот интелект има големо влијание врз развојот на вашите когнитивни способности.

За жал, идејата сè уште постои дека жената треба да ја цени убавината повеќе од нејзиниот интелект. Но, ова истражување покажува дека лицето кое се грижи за интелигенцијата на својот партнер ќе биде во подобра позиција да се грижи и за своето ментално и физичко здравје. И, тоа ќе има позитивно влијание врз целото општество.