Научниците открија: Оваа супстанца го поправа скршениот телефон!

28 декември, 2020
a9a002b381169a29523fd737e0aa8dfb5b53953e

Научниците објавија дека користеле супстанца добиена од ленено масло, која може да врати во првобитната состојба под УВ-светло во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа

Два тима истражувачи од Јужна Кореја објавија дека нашле решение за проблем што мачи милиони луѓе ширум Светот – испукани екрани на мобилни телефони.

Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија при универзитетот Јонсеи успеаја да развијат полимер што може да биде вграден во ЛЦД-екрани, како што се оние инсталирани на паметни уреди, а кој е способен да ги поправи пукнатините.

Научниците објавија дека користеле супстанца добиена од ленено масло, која може да се врати во првобитната состојба под УВ-светло во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, тие создадоа полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Полимерот потоа се претвори во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон.

Ова, сепак, не е ниту прв ниту единствен изум кој „ги поправа“ оштетените екрани на паметните телефони, но проблемот е што ваквите системи сѐ уште се премногу скапи за да бидат достапни за масите, па корисниците, во повеќето случаи, плаќаат повеќе за да се збогуваат со скршените уред и да купат нови, отколку да ја поправат штетата.

escort - Korsan taksi