Научниците открија тајно оружје против корона!

25 октомври, 2020
Corona Virus mit Erdball - Wuhan Virus


Научниците открија тајно оружје против корона, што овозможува вирусот да биде значително позаразен од неговиот претходник и близок роднина САРС. Ова ја отвори можноста за наоѓање нови начини за борба против пандемијата и надежта дека вирусот може да се уништи преку овие тајни оружја. Слично на САРС, новиот вирус на корона, познат и како САРС КоВ-2, користи рецептори на ACE2 за да влезат во човечките клетки и да се шират низ респираторниот систем и низ целото тело. „Појдовна точка на нашата студија беше зошто САРС, кој предизвика значително помалку инфекции во светот во 2003 година, и САРС КоВ-2 се шири на толку различни начини, иако тие користат ист рецептор за да влезат во телото“, рече Рави Оха, вирусолог од Универзитетот во Хелсинки. Научниците од Техничкиот универзитет во Минхен и Универзитетот во Хелсинки ја испитале површината на два вируси покриени со шила под електронски микроскоп и ги споредиле нивните геноми. Откриле дека новиот вирус од корона „научил“ нов трик, односно да користи „кука“ како и други опасни патогени, како што се ебола, ХИВ или птичји грип, со цел поагресивно да се закачи на човечкото ткиво.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ за состојбата со коронавирусот во светот

Тој ја користи оваа „кука“ кај рецепторот познат како невропилин-1, кој ги поврзува нервните ткива во носната празнина на човекот. За да ги потврдат своите откритија, научниците користеле моноклонални антитела кои биле „програмирани“ за да го блокираат пристапот до невропилин-1. Потоа користеле „псевдовируси“ создадени за имитирање на САРС-КоВ-2, но без можност за репродукција. Се покажа дека вирусот е многу потешко да зарази клетка кога пристапот до овој рецептор е блокиран. „Ако рецепторите на ACE2 се вратата преку која вирусот влегува во клетката, тогаш невропилин-1 е факторот што го насочува вирусот кон вратата“, рече Џузепе Балистрери, професор на Универзитетот во Хелсинки и водач на студијата. Научниците сега започнаа со истражување како да се прекине врската помеѓу вирусот и невропилин-1 за да се намали можноста од инфекција. Како што велат, првите резултати ветуваат.

escort - Korsan taksi