Научниците успеале да откријат зошто лилјаците се отпорни на корона вирусот

27 јули, 20200
liljak

Научниците ја открија тајната на геномот на шест видови лилјаци и откриле дека нивниот генетски код влијае на „извонредниот имунитет“ што ги штити овие животни од смртоносни вируси.

Тие се надеваат дека со помош на тие информации ќе можат да објаснат зошто лилјаците се само носители на вирусот корона и не можат да се разболат од истиот, пишува Би-Би-Си.

Научниците веруваат дека со пронаоѓање на одговорот на ова прашање, тие би можеле да и помогнат на човечката популација во борбата против сегашните и сите идни пандемии. Професорот Ема Тилинг од Универзитетот во Даблин вели дека научниците, со секвенцирање на геномот на лилјаците, дошле до заклучок дека овие животни имаат „единствен имунолошки систем“.

„Кога би можеле да го имитираме имунолошкиот одговор на лилјаците на коронавирусот, можеби ќе можеме да најдеме лек во природата“, рече професорката за Би-Би-Си, додавајќи дека тоа „ќе укаже на чекорите што научниците треба да ги преземат за да најдат лек за коронавирусот“.

 Професорката Тилинг започна научен проект наречен „Бат1К проект“, кој има за цел да ги декодира геномите на секој од 1.421 познатите видови лилјаци.

„Ако успееме да разбереме како се развива геномот на лилјакот, би можеле да допринесеме и за лекување на болести и спречување на стареење кај луѓето“, рече професорката.

 Се верува дека COVID-19 најпрво се појавил меѓу лилјаците, а кај луѓето се пренел преку друго животно, како што се панголините. Експертите претпоставуваат дека многу други болести, како што се САРС, МЕРС и ебола, се пренесуваат на луѓето од животни. Во исто време, еколозите истакнуваат дека сè додека луѓето им овозможуваат на лилјаците да живеат во нивните природни живеалишта, опасноста по здравјето на луѓето ќе биде мала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi