Науката има точен број на можни цивилизации во нашата галаксија: Откриja дека има 36 и тоа е добра работа, затоа што во спротивно, црно ни се пишува …

16 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 193437

Научниците во голема студија откриваат дека во нашата галаксија можеби се наоѓаат повеќе од 30 активни вонземски цивилизации, но истовремено откриваат и потенцијална многу лоша иднина за човештвото.

Со новата голема студија се проба да се дознае колку планети во нашето соседство можеби можат да бидат дом за вонземски живот, а како предлог ја земаа претпоставката дека животот на другите планети се развивал исто како што тоа се случило, односно се случува на Земјата. Со таа претпоставка бараа одговарачки планети во нашата галаксија кои би можеле да бидат извор на слична еволуција на живот.

Студијата откри дека во Млечниот пат можеби се наоѓаат и десетици активни цивилизации кои само чекаат да бидат пронајдени. Но, исто така, студијата можеби фрла и ново светло на судбината на човештвото па сугерира дека шансите за наш долгорочен живот се помали отколку што досега сме мислеле.

Би требало да има барем неколку десетици активни цивилизации во нашата галаксија со претпоставка дека се потребни пет милијарди години за да се развие интелегентен живот на планетите, како што бил случај со Земјата, вели професорот Кристофер Конселис од Универзитетот Nottingham.

Тоа е поглед на еволуцијата, но во космички размери. Ние оваа пресметка ја нарекуваме астробиолошки коперникански лимит, додаде.

Наведениот термин доаѓа во две форми, едната (таканаречено “слабо” ограничување) сугерира дека интелегентен живот ќе се развие во било кој момент после пет милијарди години на друга планета. Другата (таканаречено “силно” ограничување) вели дека интелегентен живот на планетата ќе се формира во периодот после 4,5 и 5 милијарди години.  

Новото истражување ја користело втората форма па се претпоставило дека за развој на нови видови се потребни услови каде постои богатство метални елементи, односно метали. Причината за тоа е таа што човештвото се развило во околина богата со метали, поради металите кои се присутни во Сонцето.

Претходна студија од 2012 година ја сугерира одговарачката “минимална ѕвездена металност” потребна за формирање на планети слични на Земјата.

Во новата студија научниците ги искористиле тие претпоставки како би откриле колку (нам познати) планети во Млечниот пат ги задоволуваат таквите услови.

Откривањето на било какви цивилизации во нашата галаксија силно зависи за тоа колку добро ние можеме да ги фатиме сигналите кои се праќаат во вселената. Тие сигнали вклучуваат радиобранови како оние од сателитите, да речеме од телевизор. Ако постојат технолошки цивилизации кои траат колку и човештвото, кои сигнали во вселената праќаат отприлика едно столетие, новата студија проценува дека такви цивилизации во нашата галаксија може да има 36.

Но, комуникацијата со истите всушност го претставува вистинскиот предизвик, бидејќи просечната оддалеченост од една таква можна активна цивилизација е 17.000 светлосни години.

Постои и друго сценарио, кое вели дека ние сме единствена активна цивилизација на Млечниот пат, бидејќи сите останати изумреле пред ние да ги откриеме.

Нашето ново истражување не упатува на траги колку нашата цивилизација би можела да потрае, нагласи професорот Конселис.

Ако откриеме дека интелегентниот живот е честа појава, тоа би открило дека нашата цивилизација може да опстои уште повеќе од неколку стотини години. Алтернативно, ако откриеме дека нема активни цивилизации во нашата галаксија, тоа би бил лош знак за нашето долгорочно преживување. Во потрагата за вонземски живот, дури и да не најдеме ништо, ние ја откриваме сопствената иднина и судбина, појаснува Конселис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *