НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ, НО ЗА ОНИЕ ХРАБРИТЕ И ТОА КАКО Е: Погледнете што извадија ветеринарите од овој питон; „Ова не се случува секој ден!“

11 септември, 2020
BeFunky-collage-1-6

Очите на змијата ѝ беа поголеми од стомакот, а по посетата на ветеринар, сопственикот откри дека сега повторно е „среќна и гладна“.

Ветеринари во Сиднеј ѝ го спасија животот на 18-годишната питонка по име Монти, која успеа да проголта цела крпа на плажа.

„Честопати наидуваме на интересни случаи во нашиот оддел за егзотични животни, но вакво нешто не се случува секој ден“, напиша ветеринарната ординација на Фејсбук.

Монти сакаше закуска доцна во ноќта кога наиде на пешкир. „Никогаш не направила такво нешто“, откри сопственикот

Ветеринарите ја ставија под анестезија и успеаја да ѝ го извадат целиот пешкир спасувајќи и го животот. Видеото од оваа необична постапка беше споделено на социјалните мрежи.

Монти ја напушти ординацијата истиот ден, а сопственикот тврди дека сега повторно е стара, среќна и гладна змија..