НЕ ПРОВЕРУВАЈТЕ ВЕДНАШ НА ИНТЕРНЕТ: Еве што да направите кога нешто ви е на „врв на јазик“

6 октомври, 2020
112070_thought-2123971-1920_f


Кога не можете да се сетите на името на пејачот или на некоја храна, името на филм или спортист, не брзајте веднаш на Google!


Мора да го вежбате вашиот мозок, бидејќи тој го знае одговорот. Значи, имајте доверба во себе и во вашата меморија, затоа почекајте некое време мозокот да го најде аголот каде што е скриен одговорот на прашањето.

Ако користите интернет и го погледнете одговорот во телефонот, нема да го обучите вашиот мозок и вашата меморија ќе биде полоша! Колку повеќе мозокот работи, толку станува поздрав. Вежбајте го мозокот секој ден, дремнете преку ден ако можете и вашата меморија ќе се подобри на тој начин.