Не ви се станува од креветот кога е тмурно и врнежливо: Истражувањето докажа зошто!

4 октомври, 2020
255053_profimedia0152245277_ff

Кога врне, дали мразиш да стануваш? Главната причина зошто будењето во дождливо утро е потешко од вообичаеното или зошто повеќе заспиваме на дождлив ден е во хормонални промени, според студијата на Државниот универзитет во Пенсилванија. Ако денот е дождлив, има помалку дневна светлина, така што телото лачи помалку серотонин, а повеќе мелатонин – хормони кои се директно одговорни за расположението и будноста. Серотонинот е хормон кој ни дава општо чувство на благосостојба, енергија и добро расположение. Кога неговото ниво ќе се намали, најверојатно ќе се чувствуваме поспани, позаморни и генерално меланхолични.

Мелатонин, од друга страна, е хормон кој ни дава чувство на поспаност. Кога нашите очи ќе детектираат темница, тие испраќаат сигнал до мозокот кој потоа го ослободува хормонот мелатонин кој инаку служи во организмот и да го воспостави циклусот на спиење. Сепак, научниците наведуваат дека покрај хормоналните промени, важен е и звукот на дождот. Кога звукот е тивок или умерено гласен и стабилен како дожд, нашиот мозок го толкува како смирувачки сигнал. Покрај тоа, оваа смирувачка бучава „покрива“ некои помалку пријатни звуци што би не вознемириле, на пример, бучава од автомобили или викање на луѓе што поминувале на улица.