Некои здрави трендови од оваа година вреди да ги пренесеме во 2021-вата

30 декември, 2020
dreamstime-xxl-16076323


Годината што завршуваше беше во најмала рака чудна, поради драматичните промени што ги донесе во нашите животи и фактот дека моравме брзо да се прилагодиме на сè. Поминавме повеќе време дома од кога и да било, и многумина усвоија некои здрави навики во исхраната за тоа време: Посветивме повеќе внимание на она што го јадевме, внимавајќи да потрошиме што повеќе од купеното, за да има помалку отпад, многумина пробаа некои нови рецепти за прв пат, пробаа нова храна и слично.


1. Подготовка на домашно кисело тесто

Сè што сте произвеле оваа година врз основа на квасец што сте го одгледувале сами, од брашно, вода и трпеливост, дефинитивно вреди да се носи во новата година. Оваа година дефинитивно беше година на ферментирана добрина – од фин домашен леб, колачи што сте ги направиле од тој квасец.


2. Сè што расте дома

Неизвесноста за снабдување со храна на почетокот на заклучувањето ги натера многумина да го продолжат животниот век на свежата храна со искористување на сите остатоци, па дури и одгледување на одредена храна дома, ако е можно. Ова беше година кога сите започнавме да одгледуваме млад кромид на прозорецот. Иако не изгледа многу, сепак прави разлика.


3. Потпрете се на овошјето

Многумина се опседнати со леб од банана, на пример, но оваа година можете да направите и чекор напред: пирето од банана и сосот од јаболко можат да го заменат маслото за печење. На пример, овошното пире ќе додаде влага во ролни и колачи без додавање на преработено масло или додавање маснотии и може да дејствува како замена за дел од додадениот шеќер.

escort - Korsan taksi