Неколку трикови како од спанко да станете ранобудник

22 октомври, 2020
f5ef79fa213e1ea72c31a6dc632d009f1f34e683

Според експертите, на телото му требаат помеѓу седум и девет часа сон во текот на ноќта, и сè што е повеќе или помалку од тоа може да доведе до чувство на замор, депресија и недостаток на волја.

Истражувањата покажаа дека ранобудниците имаат повеќе енергија во текот на денот и дека имунитетот им е посилен. Само со минимални промени во секојдневниот живот, можете да промените – од спанко во ранобудник!

Постепени промени

Ако сте се решиле на овој чекор – да го промените времето на станување и да го стабилизирате будењето, направете го тоа постепено. Немојте веднаш драстично да го промените времето на станување, но направете го тоа малку по малку. Ако сакате да започнете да станувате два часа порано од вообичаеното, не поставувајте аларм за тоа време. Направете план да станете 10 минути порано од вообичаеното во следните денови додека не го достигнете посакуваното време за да станете.


Утрински ритуали

Често се случува да не сакаме да ја оставаме удобноста на креветот наутро, но едноставно не можеме да останеме во кревет цел ден. За да бидете сигурни дека успеавте да станете наутро, смислете некој утрински ритуал што ќе ве натера да станете од кревет. Пуштете ја омилената музика веднаш штом ќе станете, сварете кафе и уживајте во почетокот на денот во мир. На тој начин, остатокот од денот ќе помине добро за вас.


Физичка активност

За сите оние кои страдаат од несоница или немаат доволно квалитетен сон за да го одморат своето тело додека спијат, најдобро би било да се занимаваат со спорт. Докажано е дека физичката активност во текот на денот позитивно влијае на сонот.