Неверојатни приказни кои кружат за Сајентолошката црква: Веруваат во небулози, ги казнуваат непослушните, прикриваат убиства!

4 јуни, 2020
131109_profimedia0081983004_ls

Сајентолозите ги засноваат своите верувања на тоа дека луѓето се спиритуални бесмртни суштества, настанати во физички тела. Тоа звучи навистина поетично, се додека сенката на корупцијата, убиствата, уцената и изнудувањето пари, не се надвие над оваа контроверзна религија.

Л. Рон Хабард е основачот на Сајентолошката црква и има многу интересна биографија. Она што  се издвојува е податокот дека, долги години се занимавал со пишување и објавување на приказни со научно – фантастична тематика.

Небулозите во кои веруваат сајентолозите

Основната приказна тврди дека пред 75 милиони години, некој вид на вонземјани – диктатори, наречени Xenu, владееле со разни делови од Универзумот. Тие, милијарди свои сонародници ги протерале на Земјата, ги населиле околу вулканите и ги убиле со водородни бомби. Thetans или бесмртните души на тие вонземјани, се претвориле во луѓе. Тоа довело до чуство на физичка и психичка вознемиреност. Постојат и други тајни објаснувања, кои се предвидени само за напредните членови и за нив мора дополнително да се плати.

Сајентологијата во Холивуд

Познато е дека многу филмски ѕвезди и служат на црквата. Некои дури се и родени во неа, поради тоа што нивните семејства биле дел од црквата, па уште од мали нозе се одгледувани во тој дух. Покрај најголемите промотери на оваа религија, Том Круз и Џон Траволта, членови се и: Елизабет Мос, Џулијет Луис, Кирсти Ели, Џовани Рибизи и пејачот Бек.

Лечење на зависност од дрога

Како би привлекла што е можно повеќе нови членови, Сајентолошката црква ја создаде програмата Narconon, предвидена за лечење на зависници од дрога. Се зборува дека методата се покажала како корисна и дека е забележан дури 85% успех кај пациентите, се додека во 2009та година, тројца од нив не го изгубија својот живот поради погрешна терапија.

Дупка за казнување

Дејвид Мискевиџ, моменталниот лидер на црквата, во склоп на сајентелошката база во Калифорнија, изградил посебен дел за казнување. Делот се нарекува The Hole (Дупката), а таму завршуваат сите оние членови за кои Дејвид смета дека не се однесувале правилно. Откако ќе ги признаат своите грешки и злодела, биле пуштани надвор.

Направа наречена “E – meter”

Овој електронски уред се користи за следење на промената на кожата. Се наведува дека станува збор за религиозен артефакт, преку кој се регистрира она што спиритуално ја вознемирува личноста.