НЕВЕРОЈАТНО! СУПЕР МАМА: На свет донела 44 деца, а има само 42 години!

2 октомври, 2020
Untitled-1


Звучи како шега, дури и некаква математичка загатка или закачка за мозокот, но тоа е чиста вистина. Жената од видеото има 42 години и досега родила 44 деца! Покрај тоа, сите деца, не сметајќи ги шестмината кои починале по породувањето, се под ист покрив. Името на жената „супер херој“, како што ја нарекуваат во селото, е Маријам Набатанзи и живее во Уганда. Маријам се омажи по желба на нејзините родители, кои заработија добро од неа продавајќи ја на човек постар 27 години.


„Мојот сопруг имаше деца од претходните врски, и јас морав да се грижам и за нив. Тој исто така беше насилен и ме тепаше секогаш кога ќе имаше можност да го стори тоа “, ја раскажува својата тажна приказна оваа неверојатна жена. Кога стигна до бројката од 23 деца, одлучи да не раѓа повеќе, но лекарите и рекоа дека отстранувањето на матката или каква било операција може скапо да ја чини, па продолжи со старата пракса. „Билансот“ на крајот од сите бремености беше како што следува: 6 пати близнаци, 4 пати тројки, 3 пати четворки и само две деца „соло“. Повторуваме, оние деца кои починале по породувањето не се сметаат. Маријам е горда на секое дете, но жали што растат без татко кој доаѓа само неколку пати годишно да ги посети, а потоа обично прави ново.

escort - Korsan taksi