Невеста под дејство на алкохол, ги истепала мажот и свекрвата, а ни кумот не поминал најдобро

12 јули, 20200
е

Не можела да се контролира!

Венчавката треба да биде еден од најсреќните денови во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохолот тоа не беше случај.

33-годишната невеста , според полицијата, испила премногу алкохол и целосно пијана почнала да тепа повеќе луѓе на свадбата која што се одржа во Арберг, пишуваат германските медиуми.

Меѓу “жртвите” беше младоженецот, кој, откако не можеше да ја смири, ја повика полицијата на помош.

Кога чуварите на редот пристигнале на свадбата, невестата веќе го натепала младоженецот, неговата мајка и кумот.

Потоа, таа се затвори во една соба, од која излезе по долгите преговори со полицијата. Од нејзината свадба таа била однесена со лисици и била покрената постапка поради нанесување на телесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *