НЕВИДЕНА ЗАКАНА: Доби е-маил со нејзино домашно видео со ЉУБОВНИКОТ! Пристигна од адресата на нејзината НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА!

23 декември, 2020
828343_profimedia0316693318_ls

Не можеме да разговараме со сопругот за тоа

Една мажена жена добила е-маил, наводно од нејзина пријателка, а таа не можела ни да претпостави што навистина има во него

Некој ѝ поставил камера во спалната соба и ја снимил како има секс со својот сакан.

– Јас сум мажена, но имав тримесечна афера со еден маж, која заврши пред две недели, кога добив е-маил од мојата пријателка. Сепак, тоа не беше нејзината е-маил адреса, туку анонимна адреса, која изгледаше исто, само наместо бројот 8 беше бројот 3 – ја започнува својата приказна.

Оваа жена вели дека имало линк во е-маилот, над која лицето кое го испратило е-маилот напишало „Еј, погледни го ова“.

– Јас кликнав на линкот, видов дека станува збор за снимка и кликнав на копчето „play“, а на дното се појави пораката „Знам дека гледаш“. Имаше 53-минутно видео од секс со мојот љубовник, во спалната соба, со многу јасна слика и звук – вели оваа зачудена жена.

Таа признава дека го изневерила својот сопруг Вил со тоа што нејзиниот љубовник често доаѓал во нивниот стан додека Вил бил на работа.

– Бев шокирана од она што го видов и веднаш знаев чија работа е ова. Никој, освен мојот сопруг, не влегува во нашиот стан затоа што имаме добар алармен систем. Исто така, мојот сопруг е програмер и тој знае како да манипулира со вакви работи – рече таа.

Таа додава дека нејзиниот љубовник сигурно не би го сторил тоа, бидејќи тој исто така бил оженет и многу се испаничил кога му го проследила линкот што го добила.

Таа го пребарала станот за да ја најде камерата, но не можела да најде ништо.

– Ми беше лошо додека Вил не се врати од работа и ме праша што не е во ред, и го излажав дека мојот компјутер се расипал. Не рече ништо за снимката, но знам дека тој ја испратил. Од тој ден, тој воопшто не ми вели „Те сакам“ и гледам промена во однесувањето. Ме допира и бакнува само кога имаме секс – вели таа.

Она што многу ѝ пречи е тоа што не знае дали нејзиниот сопруг игра игра и чека таа да му признае сè или само ќе побара развод еден ден, или сето тоа беше да и одржи лекција.

– Линкот исчезна следниот ден, но мојот страв не. Чувствувам неверојатна вина и веројатно тоа сакаше да го постигне. Не знам што да правам, но ми се чини дека тој премолчено ме уценуваше со ова. „Секој ден размислувам да признаам сè, но не сакам дефинитивно да го уништам мојот брак”, рече таа.

escort - Korsan taksi