Никелодиан потврди- Сунгерот Боб е ГЕЈ!

17 јуни, 20200
bob

Детскиот американски канал Никелодиан на својот официјален профил на Твитер објави форографии на три ликови кои се појавиле во серија емитувана на нивниот канал и напишал дека се слави месецот на гордоста за ЛГБТ заедницата.

Луѓето се збуниле зашто еден од ликовите на фотографиите е и Сунѓерот Боб и корисниците на Твитер заклучиле дека Никелодиан ни порачува дека овој откачен јунак е хомосексуалец.

Фановите на цртаниот филм кој започнал да се емитува во 1999 година, одамна се сомневале дека главниот лик е хомосексуалец.

Во една епизода која е прикажана во 2002 година Сунѓерот Боб и неговиот најдобар пријател Патрик стануваат родители на напуштена школка, создавајќи алузија на истополов пар кој посвојува дете.

Сепак, креаторот на цртаниот филм Стивен Хиленберг кој почина пред две години истакнал дека Сунѓерот Боб не е хомосексуалец, но дека е член на ЛГБТ заедницата затоа што е асексуален. Асексуалноста исто така и припаѓа на ЛГБТ заедницата.

“Никогаш не планиравме тој да биде геј. Мислам дека тој е асексуален. Само се трудиме серијата да биде духовита, а ориентацијата нема никаква врска со овој цртан филм”, изјавил тој уште во 2005 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi