ОСТАНА БЕЗ „АЛАТОТ“! Крадецот се обидел да ја силува сопственичката на станот, па завршил во болница без машкоста

10 ноември, 2020
166331_teeth-1560353-1920_f

Емануел Анкрон (23) од Гана го изгубил својот полов орган при грабеж на стан. Акрон наводно се обидела да ја принуди сопственичката на станот Џастина Донкер (24) да имаат орален секс пред да избега со нејзините скапоцености, а таа го искористила тоа за да му ја одгризе машкоста.

Бизарен настан се случил во предградието на Обуаси. Имено, девојката се разбудила и пронашла крадец кој ѝ се заканувал со пиштол додека ѝ ги одзел паричникот, телефонот и некои други скапоцености кои ги нашол.

Незадоволен од пленот, во еден момент ги соблекол пантолоните и ја замолил жртвата орално да го задоволи.

Џастина, како што изјави за медиумите, клекна од страв, но наскоро сфати дека може да го повреди крадецот, па силно стисна со забите.

Се тврди дека дел од машкоста на разбојникот е пронајден отсечен во просторијата и однесен во болница, каде се лекува од тешки телесни повреди.