Откриено што ја убива короната: Лекот ни бил буквално пред нос!

6 октомври, 2020
korona-gubitak-cula-mirisa-anosmija


Најчестиот симптом на инфекција беше круцијален при развој на потенцијален лек што ќе спречи продирање на вирусот во телото …


Губење на мирис и вкус е еден од трите клучни симптоми на ковид-19, и не само клучен, туку и многу чест – студија спроведена на 24.000 лица заразени со вирусот откри дека дури една четвртина од нив го изгубиле чувството за мирис. Веќе некое време, експертите тврдат дека вирусот влегува во носната празнина преку ангиотензин-конвертирачкиот ензим ACE-2, а потоа предизвикува привремено оштетување на специјалните нерви, што резултира со губење на мирис, а потоа и губење на вкусот.


Истражувачите веруваат дека ензимот е „влезна точка“ што му овозможува на вирусот корона да навлезе во клетките на телото и да предизвика инфекција. Бидејќи носот е пат за влегување на вирусот во телото, се поставува прашањето дали овој орган треба да биде насочен во спречување на ширење на инфекцијата и развој на ефективни третмани за лекување. Се чини дека е така.

Спреј за нос што треба да се испрска еднаш неделно може да обезбеди солидна заштита од коронавирус. Спрејот досега бил тестиран на луѓе кои примиле две дози на лекот ден пред да бидат изложени на вирусот корона – вештачки создадени молекули кои го стимулираат имунитетот. Резултатите покажаа дека производот ја намали репликацијата на вирусот во носот на луѓето за дури 96 проценти, што го намали ризикот од инфекција и ширењето на болеста.

Подготовката ќе биде тестирана на луѓе во следните четири месеци. Производот првично беше развиен за заштита од вируси на настинка и грип, но сè уште чека на одобрување бидејќи сè уште не е докажано дека работи без никакво сомневање.

escort - Korsan taksi