Отвораат „corona-free“ паб, ќе ги тестираат гостите на самиот влез

11 декември, 2020
beer-2218900_1920

Еден бар на западот на Ирска го најави отворањето како прв паб „corona free“ во земјата каде што посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат.

Според Eileen’s Bar, паб во Аугамор два и пол часа возење од главниот град на Даблин, посетителите прво треба да почекаат во одредена област за да бидат „тестирани за вирусот“ од експерт.

Сопственикот на пабот Донал Брн објави на Facebook дека само редовните посетители ќе имаат дозвола да влегуваат и тоа само доколку бидат негативни на тестирањето, но додаде дека ќе можат да пијат и таму каде што чекаат за тестирање и додека чекаат резултат.

Посетителите сами ги сносат трошоците за тестирање од 10 евра, што се изведува од 17 до 19 часот.

„Трошоците за тестирање се повисоки од тоа, но Eileen’s Bar со задоволство ја покрива разликата за да се осигура дека нашите вработени и гости се безбедни и здрави“, напиша тој на Facebook.

Во пабот, посетителите ќе треба да ги следат официјалните здравствени препораки за ресторани и пабови, од седење на маси до одржување на растојание помеѓу посетителите.

Во Ирска е дозволено да работат само барови кои служат храна, што ги налути сопствениците на 3.500 пабови кои не нудат храна. „Не послужувам храна и храна, како што знаеме, не запира ковид и не спречува ковид“, рече Бирн.