„Ова е морничаво“: Момче кое го имитира однесувањето на татковците од Балканот е хит на Интернет

17 октомври, 2020
608709ac-2285-400e-b048-9cf8e1a932e1

СТРАШНА снимка во која инфлуенсерот Милош Недељковиќ го имитира однесувањето на татковците од Балканот стана хит на Интернет.

„Татко од Балканот се среќава со момчето на својата ќерка“, „Кога синот на балкански татко ќе добие награда“, „Балкански татко оди на интервју за работа“, се само некои од видеата кои имаат илјадници прегледи.

На Инстаграм, профилот Balkan dad го следат над 11 илјади луѓе, додека на ТикТок има повеќе од 100 илјади следбеници.

Таткото од Балканот обично е прикажан на овие кадри како лик во тренерка, со чепкалка за заби во устата, но многу следбеници, и покрај овој стереотип, ги препознаа своите татковци во слични ситуации, како на пример кога ќе му се расипе автомобилот и наместо да оди на механичар, тој одлучува сам да го поправи.

Покрај луѓето од поранешна Југославија, овој профил го привлече вниманието на следбеници и од другите земји.

„И покрај тоа што не сум од Балканот, би рекол дека татко ми е таков“, „Моето момче е од Балканот и ова е прилично точно“, „Луѓето од Балканот се најдобри“, „Страшно е колку е вистина“, се само некои од коментарите. .