Ова СУШТЕСТВО е видено само 3 пати во историја: Прекрасно е, но и опасно (ВИДЕО)

14 јуни, 20200
Drimonema-dalmatinum-meduza2

Невообичниот розов вид медуза, позната како Drinomena Dalmatinum, за која „Daily Star“ тврди дека е забележана само три пати во историјата, неодамна беше видена во заливот на Трст, на крајбрежјето на Италија.

Ретката медуза за прв пат ја забележал германски натуралист во 19 век, и оттогаш е видено само уште два пати – еднаш во 1945 година, а потоа во 2014 година.

Водното суштество, познато и како „Карфиол кој гризе“, наводно, беше снимено од нуркачи на 10 јуни, а портпарол на Биосферниот резерват „Miramare“ ја опиша средбата како „навистина прекрасно нешто“.

„Drinomena за прв пат беше видена на брегот на Далмација во 1880 година од германскиот роден Ернст Хекл, а потоа беше видена дури во 1945 година“, рече тој. „Потоа еден наш истражувач ја забележа во Заливот на Трст во 2014 година.“

Медузата што ја забележаа нуркачите имала должина од 45 до 50 сантиметри.

Истражувачите забележуваат дека лицето кое наидува на такво суштество треба да се смета себеси за “многу привилегирано”, но тоа исто така треба да се одалечи со голема брзина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi