Оваа Божиќна реклама расплака многу луѓе: Погледнете го крајот!

13 ноември, 2020
bozic

Рекламата следи момче кое е многу загрижено за овој Божиќ поради сè што се случува со Светот, па тој ги прашува своите родители: „Дали ќе дојде оваа година?“. Тие му велат дека сè ќе биде добро ако верува во магија

Божиќ ќе биде малку поразличен оваа година, но сите знаеме кој го прави особено посебен. Без разлика дали се држите до старите традиции или создавате нови, сите го сакаме волшебниот Божиќ. Едноставно треба да верувате – рекоа во ирскиот ланец продавници СуперВал по премиерата на нивната рекламна реклама за оваа година, која допре многумина, некои дури и заплакаа додека ја гледаа, пренесува порталот lovin.ie.

– Ова е најдобрата божиќна реклама што некогаш сум ја видела. Сега се расплакав – призна една жена.

Рекламата го следи момчето и неговото семејство во пресрет на 25 декември. Прикажани се сите традиции пред Божиќ, како што се украсување на елката и купување. Но, момчето е многу загрижено за овој Божиќ поради сè што се случува со Светот и ги прашува неговите родители: „Дали тој ќе дојде оваа година?’. Му објаснуваат дека сè ќе биде во ред ако верува во магија …

Погледнете ја рекламата за да видите што се случило на крајот: