ОВАА ЗАДАЧА НАПРАВИ КОНФУЗИЈА НА ИНТЕРНЕТ! Дали го знаете точното решение?

23 август, 2020
Annotation 2020-08-23 203014

На Твитер се појави математичка задача, која збуни многумина. Имено, овој навидум едноставен математички проблем успеа да ги скара луѓето на Интернет.

Се работи за задача во која е можно да се добијат два резултати, во зависност од редоследот на операциите. Одговорите на проблемот можат да бидат 1 или 16, а математичарите, исто така, се чини дека се поделени околу тоа дали заградите имаат предност во решавањето на проблемите.

Во презентираната задача, некои прво множат 2 и 4 (резултат на заграда), додека други ги пресметуваат заградите и ги отстрануваат околу добиениот број, а потоа продолжуваат со пресметката според хиерархијата на пресметковните операции.

Оваа задача доведе до големи поделби, но се чини дека гласовите кои тврдат дека резултатот е 1 беа поубедливи.

Поради низа сомнежи, весникот „Mirror“ побара и професор по математика од Оксфорд, а неговиот одговор изненади многу интернет корисници, сметајќи дека математиката се перцепира како точна наука.

Професорот, кој посака да остане анонимен, посочува дека законот е напишан на таков начин што нема едно решение.

„Без подобри загради, може да има сомнежи. „Постојат конвенции за редоследот на операциите за пресметување“, објасни тој.

escort - Korsan taksi