ПАЈАЦИТЕ се најголеми за време на ЕСЕНТА: А овој направил ЏИНОВСКА МРЕЖА која ретко може да се види (ФОТО)
7 октомври, 2020
Огромна пајакова мрежа е пронајдена во Мисури, Америка.
Невидена фотографија од пајакова мрежа го обиколи Светот.
– Франсис Скалики наслика пајакова мрежа додека одеше по патека во Спрингфилд. Голем број видови пајаци може да се најдат во Мисури, а нивните мрежи обично може да се видат на крајот на летото и есента. Тогаш пајаците се најголеми, како и нивните мрежи – објави Министерството за заштита на животната средина на Фејсбук.
Пајаците користат мрежи за да фатат муви и други инсекти од кои се хранат.
Фотографијата предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, некои беа преплашени, додека други велат дека тоа е „убав дел од природната архитектура“.