Пандемијата со Ковид 19 нееднакво им наштетува на жените!

28 ноември, 2020
1356564

Пандемијата „Ковид-19“ ја врати рамноправноста на половите неколку години наназад, а жените ширум светот земаат „лавовски“ удел во дополнителни работи во домаќинството, објавија во четвртокот Обединетите нации, пренесува Си-Ен-Ен

Како што е наведено во извештајот на Ентитетот за родова еднаквост , иако и жените и мажите преземале дополнителни неплатени домашни работи за време на пандемијата, жените се соочуваат со поголем товар на грижа. UN Women ги анализираше достапните податоци од 38 земји за да собере податоци за неплатена работа, а анкети беа спроведени во скоро 50 земји, користејќи телефонски и мрежни методи. Откриено е дека жените преземале повеќе домашни работи отколку мажи за време на пандемијата и почесто заминуваат од платена работа.

Приближно 60 проценти од жените и 54 проценти од мажите изјавиле дека го зголемиле времето поминато на неплатени домашни работи од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот. Но, како што пишува Си-Ен-Ен, жените објавија дека преземаат поголем интензитет на дополнителни работи во домаќинството отколку мажите, и подолго.

escort - Korsan taksi