Панголините во Кина сега имаат заштитен статус како пандите

11 јуни, 2020
pangolin1

Бројни организации за заштита на животната средина ја поздравија одлуката на Кина да ги отстрани панголините од официјалниот список на животни чии школки се користат во традиционалната медицина за лекување на луѓето, и сметаат дека е клучна за зачувување на едно од најзагрозените цицачи во светот заради нелегална трговија. Минатата недела кинеските власти го подигнаа заштитениот статус на овие животни на највисоко ниво, што ги става во истата класа на заштита како и пандите, пишува ВВС.

Панголините се близу до истребување затоа што луѓето ги ловат нелегално заради нивното месо и школка, чија главна состојка е кератинот, кој се наоѓа во човечките нокти и рогот на носорогот. Во традиционалната кинеска медицина, правот од панголин школка се користи за подобрување на циркулацијата и ублажување на воспаленијата. Панголинското месо се смета за деликатес во Кина и Виетнам.

Во најновото издание на Кинеската фармакопеја, прирачник што содржи упатства за идентификација на кинески и западни лекови, нема повеќе панголин школки на списокот на одобрени состојки, поради, како што е наведено, „загрозување на овој вид диви животни“. На крајот на март се појавија информации дека пандемијата на коронавирус е поврзана со пазарот и панголините, но за тоа сè уште нема доволно докажани докази.

Пол Томсон од Здружението „Зачувај ги панголините“ смета дека ова би можело да биде еден од најважните чекори за зачувување на видовите.

– Одлуката на кинеските власти да ги отстранат школките од панголин од списокот на традиционални кинески лекови може да биде клучен чекор што го чекавме долго време. Се надеваме дека со следниот потег, тие ќе се обидат да ја спроведат одлуката и да влијаат на промената во однесувањето на потрошувачите – рече Томсон.

И Кетрин Мудри од Светската асоцијација за заштита на животните ја поздравува „одличната вест“ и го повикува официјалниот Пекинг да донесе иста одлука за другите видови на диви животни кои „како панголините, луѓето ги „крадат“ од природата, ги ставаат во кафези и ја зголемуваат можноста за ширење инфекција “. Кина ја забрани потрошувачката на жив животински свет од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, но некои видови сè уште се ловени за правење традиционални лекови или за крзното.

Никол Бенџамин-Финк од здружението „Конзервација без границите“ смета дека, без разлика дали панголините го пренесуваат корона вирусот или не, дојде време да се запре нелегалната трговија со овој животински вид.

  • Да се надеваме дека оваа забрана е прва во серија, кога станува збор за сите диви животински видови што се користат во традиционалната кинеска медицина, рече таа.

Панголините се хранат со мравки и други инсекти. Тие потекнуваат од Африка и Азија и сите осум видови се заштитени со меѓународното право, но трговијата сепак цвета.