ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ САДОВИ КОГА ЌЕ ЈА ВКЛУЧИТЕ

24 септември, 2020
Untitled

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа внатрешноста на машината за миење садови кога ќе ја вклучите, и што се случува внатре, може да погледнете од следново видео.

Веќе неколку години, видеата кои ја прикажуваат внатрешноста на машината за миење садови додека работи е вистински хит, а некои од најгледаните видеа имаат милиони прегледи.

Еден од најпознатите јутубери е Бито, а неговите две видеа од внатрешноста на машината за миење садови собраа скоро 15 милиони прегледи. Бито вели дека отсекогаш го интересирале што се случува во внатрешноста на машината за перење додека работи, а најголем проблем за снимање на неговото прво видео биле температурата и батеријата во фотоапаратот.