ПОГОДУВАТЕ ЛИ КОЈА НАЦИЈА Е НА ВРВОТ? Вака изгледаат списоците на нај(не)привлечни жени на планетата

30 октомври, 2020
294219_shutterstock-722102197_ff

Според оваа листа, Германките се најмалку привлечни, но кои се најпривлечни?

Ако ги прашате мажите, многу од нив ќе ви кажат дека Русинките се најубавите жени во Светот, но ситуацијата на „официјалната“ листа е малку поинаква. Имено, страницата beautifulpeople.com од Лос Анџелес, која одобрува пристап само за привлечни луѓе, тврди дека Ирците се најмалку привлечни мажи, додека меѓу дамите на списокот на најнепривлечни, владеат Германките.

Сигурни сме дека Хајди Клум, на пример, не би се согласила со тоа.

Елем, оваа листа е составена врз основа на процентот на членови на една нација дозволен пристап до апликацијата beautifulpeople.com, а во согласност со тоа, Норвежанките се прогласени за најубави, а кај мажите – Швеѓаните.

Зад Норвежанките веднаш се наоѓаат Швеѓанките, Исланѓанките, Бразилките, Аргентинките, Ирките, Французинките, Американките, Канаѓанките и Италијанките.

Русинките се дури на 11-то место, а кога станува збор за најмалку привлечните дами, тоа се Германките, Турчинките, Кинескињите, Корејките и Индијките.

Не е познато дали македонските жени не се на оваа листа на најубави, но и најгрди – дали тоа значи дека не ги исполнуваме критериумите или едноставно не сме ни земени в предвид.

Кога станува збор за мажите, по Швеѓаните, на списокот на најубави се Бразилците, Данците, Италијанците, Португалците, Аргентинците, Норвежаните, Шпанците, Американците и Канаѓаните.

Ирците се најмалку привлечни, што, на пример ,на Пирс Броснан воопшто не би му се допаднало, а потоа следат Полјаците, Русите, Британците и Индијанците.