Половина час спиење на работа! Истражувањата покажаа дека на тој начин сте повеќе продукривни, а оваа земја ВЕДНАШ го воведе ова!

18 ноември, 2020
ребота

Јапонските работодавци и Министерството за здравство воведоа задолжителен получасовен одмор што ќе се користи само за спиење на работа, во раните попладневни часови.

Бидејќи Јапонците изгоруваат на работа и поминуваат неизмерен број часови на работа, се повеќе истражувања покажуваат дека тие станале помалку ефикасни поради поспаност и дека тоа ги чини компаниите вкупно 138 милијарди долари годишно.

Поради тоа, здружението на работодавачи донесе одлука да воведе половина час за спиење, но и просторија во која ќе можат да одмараат половина час.

Јапонската информатичка компанија „Некстбит“ веднаш го прифати овој тренд и постави две, како што велат, „стратешки спални“ соби за своите вработени.

Собите се опремени со уреди за блокирање на бучава, кревети и софи, а мобилните телефони, таблети и лаптопи се забранети.

Иако на остатокот од светот му изгледа чудно, Јапонците имаат оправдување за тој потег.

Според последното истражување спроведено меѓу 28 земји во светот, Јапонците спијат најкратко, во просек само 6 часа и 35 минути. Тоа е дури и еден час помалку од Финците, Канаѓаните, Белгијците и Французите.

escort - Korsan taksi