Природна лабораторија: Црвената река во Шпанија е почетна точка за откривањe ЖИВОТ на Марс! (ФОТО + ВИДЕО)

8 септември, 2020
rio-tinto1

Составот на минерали во вода е многу специфичен.

Шпанската река Рио Тинто е невообичаена глетка за секој што ја посетил.

Нејзината необична црвено-кафеава боја е она што ја прави интересена за туристите, но исто така и за научниците.

Сепак, во зависност од тоа каде ја набљудувате реката, зависи и нејзината боја…

Ако ја гледате од планините Сиера Морена во Андалузија или од Кадискиот Залив, нема да видите ништо необично – река како и секоја друга.

Но, кога ќе одите 50 км, во близина на градот Нибла, еден час возење од Севилја, навидум обичната река се претвора во неверојатна, шарена течност, каде преовладуваат црвената, портокаловата и кафеавата боја и која делува како место од филмови на научна фантастика.

Рио Тинто значи „Црвена река“ и не е важна само од изгледот.

Многу историчари ја поврзуваат оваа област со раѓањето на бакарното и бронзеното време, бидејќи и Грците и Римјаните го истражувале ова место за бакар, сребро и злато, уште во 3000 година п.н.е.

И денес Рио Тинто ги интригира научниците, но од други причини.

Имено, неодамна беше откриено дека површината на оваа река е со толку специфична боја поради нејзиниот уникатен хемиски состав.

Јарозитот е сулфат на железо и калиум, кој се наоѓа во големи количини во подземјето на оваа река, а скоро беше откриено дека истиот минерал постои и на планетата Марс!

И „Црвената река“ и „Црвената планета“ (Марс) содржат големи количини метан, што ги натера научниците да заклучат дека е многу можно доколку има значително количество вода на Марс, да е сличен по составот на Рио Тинто.

Поради сето ова, астробиолозите започнаа да ја третираат оваа интересна река како природна лабораторија за техники за тестирање што астронаутите можат да ги користат за да го идентификуваат животот на планетата Марс.

Нуркајќи се во длабочините на реката, научниците открија богатство на бактерии и микроорганизми, што ги охрабри научниците да веруваат дека може да има некаква форма на живот на поголема длабочина на Марс.

escort - Korsan taksi