Пронашол решение против кражба на велосипеди: На седиштето залепил птичји измет

10 септември, 2020
64ea169fd7ed72beb51d


Според истражувањето што го спровел, во Јапонија се краде по еден велосипед на секои 15 минути. Од 35.395 украдени велосипеди во 2018 година, 42 проценти биле правилно заклучени, што го натерало да смисли иновативна идеја.


Нема ништо полошо од тоа кога сакате да одите дома по долг и напорен ден, а потоа сфатите дека некој ви го украл седиштето за велосипед. Но, еден човек дошол до одлично решение за овој проблем, и се што ви треба е само една налепница, пренесува unilad.co.uk. Мотоки Реога од Јапонија дизајнирал лепенка која изгледа како измет од птици што ја става на своето седиште и со тоа ги спречува другите да се обидат да ја украдат.

Мотоки ја дизајнираше налепницата како дел од студиото за дизајн Кансеи на Институтот за технологија Чиба, за што ја доби наградата за извонредност. Според истражувањето што го спроведе, во Јапонија се краде по еден велосипед на секои 15 минути. Од 35.395 украдени велосипеди во 2018 година, 42 проценти биле правилно заклучени, што го натерало да смисли иновативна идеја. За да види дали неговата теорија работи, Мотоки спроведе социјален експеримент каде стави илјада велосипеди на улица со лепенки од птичји измет без да ги заклучи правилно. За пет дена не е украден ниту еден велосипед.