Разрушен е митот: Кафето всушност има ПЛАЦЕБО ЕФЕКТ!

Кофеинот влијае на слаткото чувство што го имате во устата и ве тера да чувствувате потреба за повеќе слатки, покажаа истражувањата
Во студијата учествуваа две групи волонтери, од кои едната пиеше кафе, другата кафе без кофеин, но никој не знаеше какво кафе им е дадено.
Двете групи додадоа шеќер во кафето, а потоа ја проценија слаткоста на пијалокот. Се покажа дека оние кои пиеле кафе со кофеин го оцениле пијалокот како помалку сладок. После тоа, оценуваа колку кафето ги разбуди и колку кофеин има во нивниот пијалок.
Без оглед на видот на кафето што го пиеле, волонтерите биле подеднакво будни, а само неколку од нив успеале да погодат приближно колку кофеин внеле. Покрај тоа што кофеинот го „убива“ вкусот на благото, затоа ни треба повеќе шеќер или повеќе слатки ако ги јадеме со кафето, ова е доказ и дека кафето всушност има плацебо ефект и дека сте подеднакво будни и енергични со кафето и без него.