СЀ ИМА: Ограбил продавница, но си го заборавил детето внатре

8 јуни, 2020
dete

Крадец на ситно, ограбил продавница во Бауцен, Германија, па си го заборавил синот внатре, што на полицијата значително ѝ ја олеснило потрагата по него.

Имено, 29-годишникот го фатило паника кога при кражбата се вклучил алармот, па почнал да бега, заборавајќи го осум годишниот син внатре во продавницата. Украдената стока чинела пет евра.

Освен тоа, човекот при бегството се препнал, паднал и се повредил, па се пријавил в болница. По прегледот тој бил уапсен.