Сакајќи да го промовира туризмот во Макарска, ставила фотографии од плажи во Мозамбик! Твитер заедницата “ја здроби”

6 јуни, 20200
plaza

Откако директорката на туристичкиот одбор на Макарска, Хловерка Новак Срзиќ, направи неверојатен гаф на Фејсбук со објавување фотографија од Мозамбик, која ја потпиша со Макарска ревиера, социјалните мрежи се преплавија со шеги на нејзина сметка.

Многумина објавуваат фотографии од разни светски градови и туристички атракции, потпишувајќи ги со имињата на хрватските градови, паркови, знаменитости…

Иако подоцна се обиде да се оправда себеси велејќи дека сакала само да испрати порака од Макарската ривиера и дека некои не ја разбрале, на многумина сè уште не им е јасно зошто ја објавила таа фотографија, а не од хрватското крајбрежје.

Имено, на фотографијата не е прикажана плажа сместена во Макарска, туку луксузно одморалиште на приватниот остров Азура Квилалеа во Мозамбик.

Во коментарите под објавата на Новак Србиќ, една дама напиша дека сè уште не била на оваа плажа Макарска, но би сакала да ја посети.

„И мене  ме интересира која е плажата – мислев дека Макарска ривиера има само плажи со камчиња“, напиша друга, на што директорката на Туристичкиот одбор на Макарска одговорила да дојде и да истражи.

„Оваа фотографија е наменета за гостите да им ги покажеме нашите убавини“, напишала Хловерка Новак Срзиќ.

Сепак, таа подоцна ја отстрани објавата на Фејсбук, откако беше пренесена од многу медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi