Се плашите од пајаци и сакате да се ослободите од нив?! Една мајка сподели лесно и ефикасно решение, ПОТРЕБНО ВИ Е САМО ЕДНО НЕШТО

26 септември, 2020
dreamstime-s-21521046

Пајакот е чест член на многу домови и најчесто се наоѓа на аглите на идовите. Постојат голем број на неефикасни методи за да се ослободите од нив, но оваа мајка тврди дека нејзиниот трик навистина делува

Дали се плашите од пајаци и сакате да најдете начин да се ослободите од нив?

Една мајка го сподели својот трик на Фејсбук. Таа се колне дека есенцијалното масло од мента ги брка пајаците од домот. Таа додаде дека од примената на овој трик не видела пајаци во нејзината куќа.

– Ако претходно не сте го пробале ова и се плашите од пајаци, тогаш навистина е време да го пробате. Додадете неколку капки есенцијално масло од мента во дифузорот и повеќе нема пајаци – напиша таа.

Сепак, таа додаде да бидете внимателни ако имате деца и домашни миленици и да го чувате маслото надвор од нивниот дофат. Нејзиниот пост брзо стана популарен. Многумина решија да го испробаат овој трик, пишува The Sun.

– Погодете кој денес купи масло од мента и дифузер – беше еден коментар.

Сепак, имаше и такви кои не веруваа во овој трик.

„Ако сакаат да влезат, ќе најдат начин“, беше друг коментар.