Се сеќавате на Италијанецот кој по расправија со сопругата помина 400 километри? Сега уште треба да плати и казна

7 декември, 2020
people-25642171920-830x0

Неволјата никогаш не оди сама…

Италијанец кој се скарал со својата сопруга и ја напуштил куќата да прошета, а потоа пешачел седум дена и за тоа време минал 400 километри, се соочува со нов проблем.

За кршење на правилата во врска со движењето за време на полицискиот час, тој мора да плати казна од 400 евра.

48-годишен маж имал жестока расправија со својата сопруга на 22 ноември. Сакајќи да ја „разбистри главата“, тој излегол на прошетка. Но, очигледно е дека му требаше малку подолга прошетка, па пристигна од провинцијата Комо во Италија до Фано, кој се наоѓа на 379 километри од главната железничка станица во Милано. Изнервиран Италијанецот, дојде во Милано со воз, од каде што го започна своето необично патување.

Полицијата го запре на седмиот ден од прошетката, во два часот по полноќ, кога беше во сила полицискиот час. Покрај тоа што беше ладен и уморен, мораше да го направи и она од што бегаше претходните седум дена – да ѝ се јави на сопругата. Полициските службеници го однеле во хотел и го принудиле да се пријави кај загрижена жена која го пријавила неговото исчезнување.

Сега тој има нова мака – да плати парична казна за кршење на полицискиот час, од која нема да може да замине туку така …

escort - Korsan taksi