Секоја година го украсуваме домот со нив, но дали ја знаете легендата за новогодишниот чорап

9 декември, 2020
novogodisen corap

Многу одамна си живеело едно сиромашно момче кое немало новогодишна елка. Се ближела Нова Година, а момчето било тажно бидејќи знаело дека Дедо Мраз ќе нема каде да му остави подароци. Пред да си легне момчето си ги испрало чорапите и ги ставило да се сушат обесени над огништето. Бидејќи имало само еден пар чорапи, момчето морало да ги пере секоја ноќ пред легнување.

Ноќта дошол Дедо Мраз и се изненадил кога видел дека нема елка. Се запрашал каде да ги остави подароците за момчето, а потоа ги забележал чорапите и решил да ги наполни со подароци.

Следното утро момчето ги пронашло чорапите полни со најубави изненадувања. Пресреќно, побрзало да им каже на своите другарчиња и тие да си стават чорапи на огништата.

Веста се прочула надалеку, па следната Нова Година многу семејства си ставиле новогодишни чорапи во домовите.