Сѐ уште користите Месинџер? После ова веднаш ќе го избришете!

2 ноември, 2020
download (1)

Американскиот Форбс ги советува корисниците на месинџер да се ослободат од тие апликации и да започнат да користат друга платформа за преписка. Иако е тешко да се поверува дека овој совет ќе биде послушен, треба да се знае дека веќе не станува збор за „шпионирање“, што веќе подолго време не е ново.

Дополнителна причина да се напушти Месинџер, велат на овој медиум, е веста што неодамна ја претстави Фејсбук, а корисниците ќе ги налути уште повеќе. Значи, покрај редовната „шпиунажа“, Фејсбук сега ги презема и зачувува сите испратени пораки на посебен сервер


Ова откритие го направи истиот тим на истражувачи од областа на безбедноста на апликациите кои открија дека iOS 14 презема копирани ставки од отворени апликации и безбедносен пропуст на апликацијата TikTok, што тимот на TikTok последователно го коригира. Сега тие докажаа дека Фејсбук презема кориснички податоци и ги зачувува на своите сервери за истражување, сите користејќи т.н. опции за преглед на врски за шпионирање на корисници.