Што ни носи љубовта во последниот месец од годината?

23 ноември, 2020
srekja-ljubov-dvojka-960x640

Овен

Зафатените Овни уште повеќе ќе се заљубат во саканата личност. Празничната атмосфера ќе ве понесе и ќе ве поттикне да се посветите на саканата личност и на блискоста. Ќе бидете постојано романтично расположени, а колку сте заљубени ќе ви стане јасно кога другите околу вас ќе ви го посочат тоа.

Слободните Овни нема да дозволат никој да им се приближи во текот на декември. Патите за некоја личност од минатото или пак имате нерасчистени односи со другите луѓе, па тоа ве спречува да влезете во нов романтичен однос. Вашите добри намери често се злоупотребени од другите, но не можете да го контролирате тоа, потребно е само малку да се предадете на емоциите.

Бик

Кога еден Бик ќе го подари срцето некому, тешко е тоа да престане туку така. На зафатените Бикови им цветаат рози на ова поле, а можеби декември е вистинскиот месец да го подигнете односот на повисоко ниво. Пред тоа, сепак уверете се дека и саканата личност размислува како вас. 

Слободните Бикови не можат никако да најдат личност која одговара на нивната енергија, дури и кога некој многу им се допаѓа. Иако сте отворени за врска, сепак делувате затворено пред другите луѓе околу вас. Декември е одличен период да запознаете нови луѓе и да извлечете максимум од можностите кои ви се нудат.

Близнаци

Декември ќе биде месец за уживање за заљубените Близнаци. Долго време бевте навлезени во работата, а ова е месец кога треба да покажете колку ви значи саканата личност. Излезете од зоната каде се чувствувате безбедно и потрудете се да внесете хармонија во врската.

Слободните Близнаци ги очекува изненадна средба која може да биде судбоносна. Не ги игнорирајте другите луѓе кои покажуваат интерес за вас, време е да обрнете внимание на луѓето кои се грижат за вас и ве ценат. Не ги игнорирајте оние кои сакаат да ви пристап и подобро да ве запознаат, само поради тоа што не ви делуваат интересно на прв поглед. Од друга страна пак, не навлегувајте премногу во односи кои не ви носат ништо.

Рак

Раковите кои се во врска уживаат во студените денови кои ги минуваат со саканата личност. Ова е период кога ќе се посветите на љубовта и тоа ќе ви дојде добро бидејќи сте некој кој сака да минува време во топлината на својот дом со своите сакани.

Слободните Ракови и понатаму се под влијание на претходната врска и не можат да соберат сили да продолжат понатаму. Не ја префрлајте целата вина на себеси, бидејќи едноставно можеби не било судено. Не анализирајте премногу, некои работи едноставно не успеваат, сепак за љубов треба двајца.

Лав

Заљубените Лавови не гледаат никого освен својот партнер, а од силна љубов ќе се случи да заборават и на себеси и да одвојат време кога ќе посакаат да бидат сами. Немојте да имате преголеми очекувања од себе и не трошете премногу енергија на другите луѓе, иако ги сакате безрезервно. Не се плашете да поставите граници.

Слободните Лавови се под влијание на другите луѓе, а сепак нема непромислено да се впуштат во нова врска. Некој пријател ќе се потруди да ви закаже состанок на слепо, но тоа нема да ви се допаѓа премногу како идеја. 

Девица

Девиците се во состојба да ги поместат планините за саканата личност, но пред вас е турбулентен период кој може да ви донесе големи жртви на ова поле. Пробајте да ги олесните проблемите со саканата личност, дури и ако некои работи се на ваша штета.

Слободните Девици ќе се препуштат на себеси и ќе уживаат во крајот на годината, минувајќи време со семејството и пријателите. Ако ви се допаѓа некоја личност, размислете добро пред да почнете нова врска.

Вага

Вагите бараат некој со кој ќе изградат стабилен и сигурен живот, но декември им носи многу анализи и прашања дали личноста со која се во врска е таа вистинската. Овој месец носи предизвици на многу полиња за Вагите, но не дозволувајте ситни проблеми да ја нарушат хармонијата во вашата врска.

Слободните Ваги ќе се фокусираат на себеси и ќе планираат за следната година. Нема да ви пречи тоа што не сте во врска, а нема да бидете ниту заинтересирани да се гледате со некого. Време е за големи планови за наредната година.

Шкорпија

Зафатените Шкорпии ќе бидат во искушение овој месец. Тешко е да се врзете, но тоа не значи дека не сте подготвени засекогаш да останете во тој однос. Брзо губите чувства за луѓето, но моменталната ситуација во која се наоѓате е возбудлива, а и значите многу на личноста до вас. Не се вртете кон нова ситуација пребрзо.

Слободните Шкорпии и понатаму не се спремни да ги покажат своите чувства некому. Луѓето околу вас ве сметаат за мистериозни и студени, а вие не им помагате да се опуштат покрај вас. Останете отворени кон оние кои ви се допаѓаат, не се затворајте пред нив.

Стрелец

Стрелците кои се во врска веќе некое време размислуваат дали тој однос е вистинскиот за нив. Лесно се заљубувате, но и лесно се одљубувате па ова е месец кога ќе се прашувате што точно чувствувате и каде да одите следната 2021 година. Не донесувајте брзи одлуки.

Слободните Стрелци се уморни од љубовта. Поради својата енергичност и духовитост, вие сте им многу допадливи на луѓето, но тоа не е нешто што исто така ги нервира бидејќи делувате оддалечено.  За некои Стрелци можно е да дојде до разочарување бидејќи постојано се заљубувате во некој кој не е добар  за вас.

Јарец

Разбирањето е клуч за вашата врска во декември. Често сте тешки и затворени и поради тоа вашиот партнер е многу трпелив и отворен за компромиси. Но, можно е да претерате некогаш а да се прашувате каде лежи проблемот. Ако сакате некого, не ја туркајте до ѕид таа личност за да видите колку може да издржи.

Слободните Јарци ќе се чувствуваат несфатено и ќе избегнуваат контакти со другите. Не сте задоволни од претходните ситуации во вашиот живот што може да донесе депресија и недостаток на волја и желба. Крајот на годината најверојатно ќе го дочекате сами, подготвувајќи се за подобра 2021.

Водолија

Доаѓа хармоничен период за Водолиите. Конечно ќе ја пронајдете личноста со која се чувствувате вистински поврзани и тоа е тоа за вас. Ова е месец кога ќе минувате многу време со таа личност.

Слободните Водолии ќе се преиспитуваат себеси и своите животни одлуки овој месец. На сите начини ќе пробате да ги избегнете романтичните односи и ќе посакате да сте сами за да сфатите што правите грешно и како да продолжите понатаму.

Риби

Рибите во последно време сакаат многу повеќе од саканата личност. Од друга страна, уморни сте и немате премногу волја за интеракција со другите, па можно е и да го избегнувате партнерот. Разговарајте отворено, потрудете се да бидете јасни.

Слободните Риби ќе бидат во акција во текот на декември. Ќе бидете одлично расположени и мотивирани да запознавате нови луѓе, што може да ви донесе нов романтичен однос во кој ќе уживате. Со среќа!

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi