Што значи да сонуваш змија? Многу е важно да се сетите како точно сте ја виделе змијата во сонот

17 септември, 2020
fantasy-24648811920-830x0

Змијата има многу различни значења во митологијата, културата, а со тоа и во нашата потсвест

Како еден од најстарите митолошки симболи во културите, змиите можат да разбудат бројни негативни асоцијации. Бидејќи змиите редовно ја отфрлаат кожата, многу култури ги поврзуваат влекачите со промени, раст и повторно раѓање.

Но, во други култури, змиите можат да бидат поопасен симбол и да претставуваат зло, па дури и смрт.

Па, што значи кога се појавува змија во сон?

Според професионалната аналитичарка за соништа Лора Квин Лоберг, змиите обично претставуваат личност во вашиот живот за која вие, свесно или несвесно, сметате дека е токсична, корумпирана или подмолна.

Во секој случај, не треба да ја игнорирате змијата во вашиот сон, бидејќи потсвеста ви испраќа важна порака.

Откријте што може да значи ако сонувате змија:

Ако вашиот сон предизвика страв

Започнете со тоа како се чувствувавте во сонот. Ако змијата се појавила во вашиот кошмар, тоа обично е показател дека имате личност во вашата околина која не ви одговара. Исто така може да укаже на некои длабоко вкоренети стравови.

Ако сонот беше пријатен

Ако сонот за змијата не предизвикал страв кај вас, тоа значи само дека постоечките проблеми со одредена личност или ненадминат страв, кој е симболизиран од змијата во сонот, не се толку сериозни.

Ако се појавиле повеќе змии во сонот

Бројот на змии што се појавуваат во вашиот сон, исто така, има одредено значење. Повеќе змии можат да претставуваат дека сте заглавени во токсична ситуација, на пример работа што не ви одговара. Исто така, поголем број змии може да бидат предупредување од потсвеста за здравствен проблем што влијае на неколку органи.

Ако сонувавте дека има змија во вашиот дом

Ако пронајдете змија во вашиот дом во сон, тоа може да значи дека не ви се допаѓа однесувањето на некој од членовите на вашето семејство или дека некое лице има толку негативно влијание врз вас, што „тие лоши чувства ги внесувате во куќата со вас“.

Ако сонувате дека змијата е надвор

И обратно, ако змијата во твојот сон била надвор, тоа може да биде порака дека е време да престанеме да комуницираме со токсичната личност. Подсвеста ви дава до знаење дека е време да „избркате“ одредена личност од вашиот живот.

Ако ве касне змија

Во овој случај, змијата веројатно има помалку врска со другите во вашиот живот, а повеќе со вас – конкретно, со вашето здравје. Ако змија ве касне во сон, запрашајте се дали има некои здравствени проблеми кои почнуваат да се подобруваат или емоционална рана која полека заздравува. Тоа е асоцијација што сите свесно ја имаме. Змијата симболизира аптека, лекови или третман.

Ако змијата каснала некој близок

Ако змијата ја нападне саканата личност во сон, тогаш таа личност најверојатно во моментов се бори со здравствени или емоционални проблеми. Потсвеста ви кажува дека треба да ѝ помогнете на таа личност. Сепак, во тој сон, змијата може да ве симболизира и вас. Запрашајте се, дали сте биле негативни кон таа личност? Дали е ова манифестација на вашата совест?

Ако змијата каснала непријател

Во ова сценарио, вие сте всушност змија.

Ако сонувате дека некој што не ви се допаѓа ќе го касне змија, тоа може да ја одрази вашата желба да ја срушите таа личност со свои забелешки, зборови или дела.

Ако змија се појави во еротски сон

Змиите исто така можат да ја симболизираат машката сексуална енергија. Значи, ако сте сексуално заинтересирани за маж, змиите можат да почнат да се појавуваат во вашите соништа, но не и на заканувачки начин.

Ако сонувавте змии среде пандемија на корона вирусот

Ако змиите почнале почесто да се појавуваат во вашите соништа, вие не сте единствените.

Ловберг, аналитичар на соништа, вели дека се повеќе луѓе кои пријавуваат соништа со змии.

Денес, се чини дека колективната потсвест му дава форма на змија на овој вирус, бидејќи сметаме дека е отровен и сакаме да го избегнеме.

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı